Франкфурт го елиминираше Интер сред Милано, Арсенал успеа да го исфрли Рен (ВИДЕО)

Ајнтрахт Франкфурт приреди изненадување и со победата од 1-0 во Милано успеа да го елиминира Интер, Арсенал и покрај негативата од 3-1 на првиот дуел, успеа со 3-0 да возврати на реваншот и да обезбеди четвртфинале. 

Ајнтрахт Франкфурт подобро го започна натпреварот, а грешката на дефанзивците на Интер, ја искористи Лука Јовиќ, кој фантастично го лобуваше Самир Хандановиќ и донесе голема радост за гостите.

Франкфурт можеше преку Филип Костиќ да дојде и до 2-0, но изостана реализацијата. „Неоразурите“ беа блед протинвик до крајот на натпреварот, па затоа Германците заслужено слават пласман во четвртфиналето.


Арсенал уште на стартот фуриозно тргна кон голот на Рен, тоа го искористи Пјер Емерик-Обамејанг кој постигна гол за брзо водство. Ејлси Мјтланд-Најлс по 10 минути го постигна и вториот гол за „топчиите“.

Домаќинот имаше резултат кој го води во четвртфиналето, но и покрај тоа Арсенал го диктираше темпото на игра, па во второто полувреме со вториот гол на Обамејанг ги постави конечните 3-0.

Виљареал победата во Русија над Зенти со 3-1, ја потврди и на домашен терен, сега „жолтата подморница“ славеше со 2-1. Жерард Морено и Карлос Бака беа стрелци за домаќините, Бранислав Ивановиќ во самата завршница постигна почесен гол за Русите.