Французинот во форма: Гризман втор меч по ред постигнува гол за - паметење (ВИДЕО)

Фудбалерите на Барселона и со „шарен“ состав и без голем број првотимци делува убедливо на гостувањето кај Ференцварош, откако постигна три гола во првите половина час, од кои првиот беше вистинско ремек-дело во изведна на Антоан Гризман.

Францускиот интернационалец полека, но сигурно влегува во голгетерска форма, па по прекрасниот волеј на мечот со Осасуна (4-0) вечерва во 14. минута реализира на маестрален начин со – петица. Вториот погодок го постигна Брајтвајт во 21. минута, а третиот Дембеле во 27. минута од пенал.