Финалето во Лига Европа ќе се игра пред - полупразни трибини!?

УЕФА избра финалето во Лига Европа да се игра во Азербејџан, односно на Олимпискиот стадион во Баку, но таа одлука беше критикувана од фудбалската јавност.

Во финалето на елитното натпреварување, во среда на 29 мај, ќе играат Арсенал и Челси, а очигледно во Баку ќе има полупразни трибини.

Навивачите на лондонските клубови одамна го покажаа своето незадоволство, зашто финалето се игра дури во Азербејџан.

Покрај тоа, клубовите добија по 6.000 влезници за продажба, но сега се шпекулира дека голем дел ќе ги вратат на УЕФА.

Арсенал на четири дена пред мечот продаде 3.500 влезници, додека Челси продаде само 2.000 билети.