Елмас остана на клупа за резерви, Интер без Џеко ќе ја нападне Барселона (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас нема да биде дел од првиот состав на Наполи на гостувањето кај Ајакс во третото коло од Лигата на шампиони, додека Интер се надева на позитивен резултат, иако ќе ја нападне Барселона без босанскиот напаѓач Един Џеко.

Наполи има шест бода во групата А и се надева на трет триумф во групата, иако тоа нема да биде лесно затоа што против себе го има Ајакс.

Интер реши да ја нападне Барселона со Кореа и Мартинез во нападот, додека Барселона ќе игра со Левандовски во шпицот, а ќе му помагаат Рафиња и Дембеле.