Елмас ќе биде стартер, Фенербахче ја брани предноста против Зенит! (ФОТО)

Фенербахче денеска од 18.55 часот гостува кај Зенит во Санкт Петербург во нокаут-фазата од Лига Европа, а турската екипа го брани водството од првиот меч (1-0).

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ќе биде стартер за турската екипа, па ќе се обиде да му помогне на својот тим да обезбедат пласман во следното коло.

Во вториот меч, каде што ќе игра македонски интернационалец, Динамо Загреб на домашен терен ја пречекува Викторија Плзен, против која ќе се обиде да стигне до позитивен резултат и да обезбеди пласман во следното коло, откако во првиот меч во нокаут-фазата загуби со 1-2.

Инаку, Аријан Адами ќе биде стартер и ќе ја носи капитенската лента за тимот од Загреб.