Елиф Елмас ќе биде стартер против Андерлехт (ФОТО)

Денеска се играат натпреварите од четвртото коло од групната фаза во Лигата на Европа, а Фенербахче од 16.50 часот ќе игра против Андерлехт.

Пред малку беа објавени и официјалните состави на двете екипи, а стартер на натпреварот ќе биде нашиот репрезентативец Елиф Елмас.

Во моментов, Фенербахче е втор на табелата со четири освоени бодови, односно пет помалку од лидерот Динамо Загреб.