Еден терен, 22 фудбалери и 1,6 милијарди евра!

Дуелот меѓу Реал Мадрид и ПСЖ вечерва во осминафиналето од Лигата на шампионите ќе биде еден од најскапите во историјата. Собраната вредност на сите фудбалери надминува една и пол милијарда евра.

Според податоците на порталот Трансфермаркт, кој се смета за веродостоен оценувач на вредноста на фудбалерите, вечерашната пресметка на „Сантјаго Бернабеу“ ќе тежи 1,6 милијарди евра.

Реал Мадрид има вредност од 858,50 милиони евра, а вредноста на ПСЖ е нешто помала, 756, 50, така што се доаѓа до вртоглава сума само за 22 играчи.

Меѓу нив најмногу вреди Нејмар, 180 милиони евра, а по него следат Кристијано Роналдо и Килијан Мбапе со по 120 милиони. Понатаму, следуваат Бејл и Иско со по 75 милиони евра вредност, Верати со 70, Кавани со 60, Бензема и Асенсио со цена од по 50 милиони евра и поголема група која се проценува на 40 милиони евра: Модриќ, Рамос, Варан, Касемиро, Марсело и Рабио.

Поскап натпревар од ова ќе биде само Барселона – Челси, но само затоа што Каталонците се најскапиот тим, проценет на 957 милиони евра.