Ѕвезда на Челси објави снимка како крадци му го ограбуваат домот (ВИДЕО)

Англискиот репрезентативец и фудбалер на Челси, Рис Џејмс имаше неверојатна ноќ зад себе во вторникот. Додека играше со премиерлигашот во Лигата на шампиони против Зенит (1-0), крадци во тој момент влегле во неговиот дом и го ограбиле.

Фудбалерот веднаш го пријавил грабежот, а го објави и видеото од надзорните камери на кое се гледа како криминалците влегуваат, ја пробиваат капијата и го ограбуваат неговиот дом.

„Додека играв во ЛШ, група крадци кукавички влезе во мојот дом. Успеале да земат мои лични предмети. Немам накит во домот, а во сефот ми беа медалите од ЛШ, Суперкупот и второ место на Еуро“, напиша Џејмс.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Reece James (@reecejames)