Џерард имаше успешно деби со Шкупи: Ренџерс се намачи за да обезбеди два гола предност!

Чаирски Шкупи успеа да го преживее пеколот на „Ајброкс“ во Глазгов и да не доживее дебакл на официјалното дерби на англиската легенда Стивен Џерард, но може да жали што во Скопје не се враќа со минимален пораз, откако со пенал во 91-та минута загуби со 0-2 во првиот меч од првото квалификациско коло во Лига Европа, на официјалното деби на англиската легенда Стивен Џерард.

Иако Шкотите беа големи фаворити, а сите очекуваа дека Шкупи ќе се врати во Скопје со полна мрежа голови, пресудија само два моменти. Првиот на Џејми Марфи во 23-та минута, само девет минути откако Благоја Љамчевски ја погоди пречката по еден контранапад, а вториот во судиското надополнување преку Џејмс Травениер од пенал (асистент беше на првиот гол) по еден наивен старт на дефанзивата на „гулабите“.

Шкотите доминираа на мечот, особено во првиот дел кога имаа и 70 отсто посед на топката, а мечот го завршија со 15 корнери, 19 шутеви кон голот (6 во рамките) и со пеналот направија голем чекор кон следната рунда. Шкупи во вторник од 17.55 часот на домашен терен сега ќе има тешка задача за да направи сензација, која можеби ќе беше пореална ако успеаа да се изборат за минимален пораз.