Дуделанж напиша историја, отпаднаа Легија, Феенорд, Брага...

Комплетирани се сите двојки за плејоф-рундата во Лига Европа, по вечерашните реванши во третото коло, а во нив има неколку изненадувања. Најголемото од сите е Дуделанџ, како прва екипа од Лукспембург која стигнала до последното прелиминарно коло пред групната фаза.

Дуделанж одигра 2-2 во реваншот со Легија, бранејќи ја успешно победата од 2-1 од првиот круг, во Полска. Поведе со 2-0 веќе до 17. минута, Легија намали до крајот на првиот дел, но и покрај цела доминација не можеше да направи пресврт.

Отпадна и Феенорд, кој вистинскиот кикс го направи пред седум дена, кога загуби со 0-4 на гостувањето кај Тренчин. Вечерва застана на 1-1. Брага доживеа болна елиминација од Зорја, со резултат 2-2 пред своите гледачи. На мечот во Украина беше 1-1, Португалците вечерва водеа во два наврата, но во 83. минута Зорја изедначи и само поради гол на гости ќе оди во плејоф-колото.

Првата рунда се игра на 23 август, реваншите седум дена подоцна. Нашата Шкендија прво ќе гостува кај Розенборг, а потоа ќе го пречека во Скопје. Освен неа, Македонија ги има и Иван Тричковски и Даниел Мојсов со АЕК Ларнака, кои ќе се пресметаат со Тренчин, како и Даниел Аврамовски со Олимпија Љубљана, која оди Спартак Трнава.

 

ДВОЈКИ ЗА ПЛЕЈОФ-КОЛОТО (23 АВГУСТ)

Розенборг – Шкендија

Тренчин – АЕК Ларнака

Олимпија – Трнава

АПОЕЛ  - Астана

Дуделанж – Клуж

Судува – Селтик

Шериф – Карабах

Малме – Митјиланд

Торпедо Кутаиси – Лудогорец

Сигма Оломуц – Севилја

Сарпсборг – Макаби Тел Авив

Гент – Бордо

Партизан – Бешикташ

Рапид В. – Стеауа

Аполон – Базел

Гл. Ренџерс – Уфа

Атланта – Копенхаген

Зенит – Молде

Генк – Брондби

Олимпијакос – Барнли

Зорја - Лајпциг