Динамо го имаше четвртфиналето во рака, ама Гојак од пет метри – невозможно промаши (ВИДЕО)

Загрепски Динамо загуби убедливо со 0-3 во Лисабон од Бенфика и тоа по продолженијата, но „модрите“ ја имаа шансата за четвртфинале во првиот дел од судиските продолженија, но пласманот меѓу најдобрите осум им избега поради неверојатната утка на Босанецот Амир Гојак.

Гојак ја имаше шансата на мечот за загрепчани и тоа при 0-2, за да погоди и да го донесе Динамо на чекор до пласман. Да го дадеше голот, ќе беше поинаква песна, зашто Динамо немаше да брка нов гол, ќе можеше да чека на контри за уште еден, а прашање е дали пред крајот на првото продолжение ќе останеше и со играч помалку.

Наместо тоа, тркалото се сврте во поинаков правец. Стојановиќ ги остави другарите, а Бенфика даде и трет гол за да го запечати пласманот во четвртфиналето.