Ди Марија скапо ќе го чинат пцовките кон навивачите (ВИДЕО)

ПСЖ синоќа одигра добар натпревар кај „Олд Трафорд“ и славеше со 2-0 против Манчестер јунајтед во првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампиони.

Во центар на внимание беше Анхел Ди Марија, кој реши да им се одмазди на навивачите на неговиот поранешен клуб, па по првиот погодок испрати пцовки кон нив.

Сепак, тој потег би можел скапо да го чини Аргентинецот, зашто го прекрши кодексот за однесување на Европската фудбалска федерација (УЕФА) и поради тоа ќе биде казнет.

Според правилникот на УЕФА забрането е провоцирање на противничките навивачи, па Ди Марија би можел да го пропушти реваншот во ЛШ.

Конечна одлука на УЕФА за инцидентот се очекува во наредните денови.