Дербито во Лондон без голови: Англија и Шкотска си поделија по еден бод (ВИДЕО)

Дербито на Островот меѓу Англија и Шкотска заврши без голови (0-0), иако двете репрезентации беа опасни кон противничкиот гол.

Англичаните создадоа неколку добри шанси во првиот дел и се заканија кон голот на Маршал, кој успеа да ја зачува мрежата, додека најдобрата шанса ја имаше Линдон Дајкс во 63. минута, но неговиот удар беше спречен на гол-линија од еден дефанзивен фудбалер на Англија.

По две одиграни кола во групата Д, Чешка и Англија се на делба на првата позиција и имаат по четири бодови, додека Хрватска и Шкотска имаат само по еден бод.