Дебакл на Челси против Баерн Минхен, Гризман го замолче Неапол (ВИДЕО)

Вечерва беа одиграни два натпревари во осминафиналето на Лигата на шампиони, а најлошо си помина Челси, кој на „Стемфорд бриџ“ го пречека Баерн Минхен и доживеа вистински дебакл (0-3), додека Наполи не успеа да слави против Барселона (1-1), иако имаше водство по првото полувреме во Неапол.

Челси одигра солидно прво полувреме во Лондон против Баварците, па се закани неколку пати кон нивниот гол, но затоа во вторите 45 минути беа непрепознатливи.

Серж Гнабри го отвори резултатот за Баерн и во рок од пет минути постигна уште еден погодок за 2-0, по што Роберт Левандовски ја „запечати“ победата од 3-0.

Наполи имаше водство против Барселона во првото полувреме, кога Дрис Мертенс погоди за 1-0 и го израмни рекордот на Марек Хамшик, по што во вториот дел Антоан Гризман по брилијантна акција успеа да израмни на 1-1.