Црвен аларм во Мадрид: Алонсо може да биде и без Мбапе во дербито
Имено, Мбапе денеска не тренирал со остатокот од екипата и неговиот настап ќе биде неизвесен до последен момент.
Извори од Мадрид истакнуваат дека лекарскиот тим на тимот прави се за да го подоготви за игра, но не е познато дали ќе се најде во стартниот тим.
За шпанскиот стратег ова е само дополнителен проблем бидејќи од претходно е пзнато дека не може да смета на: Дани Карвахал, Арнолд, Милитао, Дин Хујсен, Ферланд Менди и Давид Алаба.
Мбапе е клучен фудбалер во системот на Алонсо и тоа го потврдуваат бројките бидејќи досега сезонава постигна 25 голови во сите натпреварувања.
Ако не биде подготвен се очекува покрај Винисиус да заигра неговиот сонародник, Родриго. Дербито е закажано за утре во терминот од 21:00 часот.