Чупо Мотинг е херојот на ПСЖ, а лани цел свет му се смееше за глупоста на векот (ВИДЕО)

Ерик Максим Чупо Мотинг е херојот на ПСЖ за синоќешното полуфинале на парижаните во Лигата на шампионите, после епскиот пресврт од 90 минута во мечот со Аталанта (2-1) и за него ова беше прв гол во кариерата во Лигата на шампионите.

Сите се чудеа кога Чупо Мотинг, камерунскиот репрезентативец роден во Хамбург дојде како засилување во ПСЖ, а во Париз кубеа коса после глупоста на векот и легендарниот потег со Стразбур, за кој светот се преврте од смеење.

Тешко некој можеше да го разбере потегот од 8 април лани со Стразбур, па Чупо Мотинг беше буквално распнат од сеирење и наречен - идиот.

Но, ако пред повеќе од една година го исмејуваа, дури и со неверување ја дочекаа измената за да влезе во игра на местото на Мауро Икарди, на крајот потегот на Томас Тухел се покажа како полн погодок. Камерунецот даде гол во 93-та минута за триумф, прва победа на ПСЖ против калчолигаш од седмиот обид и прво финале за парискиот гигант по 25 години.