Челси игра најлошо во последните 35 години: Лампард запиша негативни рекорди (ФОТО)

Челси повторно беше посрамотен на „Стемфорд бриџ“ и тоа овој пат од Баерн Минхен во првиот осминафинален меч во Лигата на шампиони со 0-3, а тренерот Франк Лампад запиша неколку негативни рекорди.

Лондонскиот гигант игра најлошо во последните 35 години на домашен терен  тоа го покажува статистиката, односно тие имаат доживеано осум порази во сите натпреварувања пред својата публика и тоа е најлош резултат за нив од сезоната 1985/86.

Исто така, денешниот пораз од 0-3 е најголемиот неуспех за „сините“ на домашен терен во европските натпреварувања.