Челси беше подобар од БАТЕ, Мол Види го победи ПАОК! (ВИДЕО)

Вечерва од 18.55 часот беа одиграни неколку натпревари во Лигата на Европа (ЛЕ), а македонскиот интернационалец Бобан Николов со својата екипа Мол Види стигна до важна победа против грчки ПАОК.

Навистина досаден натпревар се одигра во Будимпешта, каде што Мол Види до триумф стигна во 50. минута преку голот на Георги Миланов, по што гостите се обидоа да израмнат, но не успеаа во своите намери.

Во вториот натпревар кој се играше во оваа група Челси на гостувањето во Белорусија го порази БАТЕ Борисов со 1-0 со голот на Оливие Жиру во 53. минута од дуелот.

Челси со денешната победа обезбеди пласман во нокаут-фазата во ЛЕ, откако има недостижни 12 бодови во групата Л, додека Мол Види е втор со шест бода, а ПАОК и БАТЕ имаат по три освоени бодови.

Останати резултати:
Акишар – Севилја 2-3
Аполон – Франкфурт 2-3
Динамо Киев – Рен 3-1
Генк – Бешикташ 1-1
Краснодар – Стандард Лиж 2-1
Лацио – Марсеј 2-1
Малме – Сарпсборг 1-1
Рапид Виена – Вилјареал 0-0
Спартак Москва – Ренџерс 4-3