Чекаше 11 години да не прими гол во Лигата на шампионите!

ЦСКА Москва вчера ја победи Бенфика со 2-0 за да остане во игра за осминафиналето во Лигата на шампионите, иако Базел по триумфот над Манчестер јунајтед има полесна задача во последното коло и поради подобриот меѓусебен скор со „армејците“. Но, мечот во Москва не го одбележаа головите, туку голманот – Игор Акинфеев.

Порнешниот руски репрезентативен чувар на мрежата и долгогодишен член на ЦСКА дочека во Лигата на шампионите да не прими гол. Цели 11 години и по точно 43 меча, Акинфеев првпат ја сочува мрежата. Последен пат кога му успеа такво нешто беше на 1 ноември 2006 година против Арсенал.

Акинфеев целата своја кариера ја мина кај „армејците“, за кои има преку 400 настапи,а за Русија има најмногу настапи од било кој голман во историјата на „зборнаја“.