Ц. Звезда по голема драма го елиминираше Спартак (ВИДЕО)

Фудбалерите на Црвена Звезда се пласираа во плејофот на Лигата на шампиони, откако вечерва на гостински терен го победија Спартак Трнава со 1-2 во продолженијата.

Домаќините стигнаа до водство во шестата минута, а стрелец беше Бакос. Сепак, само 60 секунди подоцна гостите израмнија на 1-1.

Подоцна се играше мирно, но без разлика на тоа двете екипи имаа по неколку добри шанси за погодок. Спартак на крајот на 90 минути се закани кон голот на гостите, но не ја погоди мрежата.

Во продолженијата од средбата, Звезда беше похрабра, а тоа се покажа во 98. минута кога Немања Радониќ стрелаше за 1-2 и пласман понатаму.

Во плејофот екипата од Србија ќе игра против Ред Бул Салцбург, кој беше подобар од Шкендија со вкупни 4-0.