Бугарската полиција уапси четворица навивачи кои ги почнале расистичките скандирања

Бугарската полиција соопшти дека уапсила четворица навивачи, кои во понеделникот за време на натпреварот помеѓу Бугарија и Англија ги започнале расистичките и фашистичките скандирања на стадионот „Васил Левски“ во Софија.

 

Истрагата продолжува и нема да запре тука, бидејќи полицијата трага и по други лица. Наскоро ќе бидат собрани сите докази и ќе му бидат презентирани на бугарското обвинителство.