Буфон откри што му рекол на Роналдо по епските „ножички“

Четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите во кој Реал Мадрид го совлада Јувентус со 3-0 е сè уште во мислите на Џанлуиџи Буфон.

Тоа беше натпревар во кој Роналдо со спектакуларни „ножички“ го матираше Буфон, а по мајсторскиот потег сите му се поклонија.

Сепак, Буфон деновиве откри во јавноста што зборувал со Португалецот по натпреварот.

Тоа беше еден од моментите што докажува дека не мразам никого. После првите 25 секунди, бев многу фрустриран, но подоцна мислев дека тоа е маестрален погодок. Роналдо направи нешто несекојдневно. Додека минував крај него го прашав: „Кристијано, колку години имаш?“, Тој се насмевна и одговори: „33. Не е лошо, а?“ Тогаш, двајцата почнавме да се смееме, истакна Буфон.

Буфон исто така додаде дека Кристијано е фантастична личност со која поминува многу време, и дека бил позитивно изненаден од неговиот став кон другите фудбалери на Јувентус.