Буфон е неправедно казнет: Друг играч на Јуве го удрил судијата и - побегнал! (ВИДЕО)

Судиската дилема од завршницата на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Јувентус предизвика гласни и трајни полемики во светската фудбалска јавност, а сега се појави нов аргумент, кој може да ја разгори општата дискусија.

Колку што се зборува за тоа дали стартот на Бенатја врз Васкез е пенал или не, уште повеќе се дебатира дали Буфон требаше да добие црвен картон.

Имаше секакви верзии, дека го навредил судијата, дека го пцуел, но на едно видео, кога се појави на социјалните мрежи се виде дека друго е во прашање. Во кругот од седум играчи околу судијата Мајкл Оливер, тој прима критики од сите, но наеднаш се гледа дека нагло се наведнува – прима удар!

По тој удар, Даглас Коста ноншалантно го напушта жариштето, а Буфон е тој несреќник да биде најблиску до него. Кога Оливер се сврте го виде Буфон и го извади црвениот картон. Да беше до пцуење, ќе го казнеше и претходно или, пак, ќе казнеше некој од останатите петмина кои жестоко приговараа.

Оттука, не ќе да е коинциденција што се реши на исклучување токму кога го доби тој подол удар во ребрата. Даглас Коста, наместо да се жртвуваше и да кажеше што се случило, придонесе за срам врз името на Буфон, кој ќе стои вечно.