Бразилецот има „сериозни“ маки: Нејмар мора да смисли план како ќе оди на роденден кај сестра му?! (ФОТО)

Нејмар претходно беше редовен гостин на роденденските прослави на неговата сестра, но дали овој пат ќе ја извиси?

Реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ е на програмата на 11 март 2020 година, а во истиот ден роденден слави сестрата на репрезентацијата на Бразил.

Изминатите пет години, распоредот за Нејмар беше одличен, па можеше да отиде на прослава, но сега сигурно не му се допадна.

Интересно е тоа што тој ги пропушти минатите години ги пропушти натпреварите кои се играа близу 11 март, пред се поради повреди, но и поради суспензии, сè со цел да биде на роденденот на неговата сестра.

Сега, само е прашање како Нејмар ќе се обиде да го избегне реваншот во Дортмунд, а ПСЖ секако е свесен за практиката на која ја користи Нејмар кога станува збор за 11 март.