Босна прокоцка два гола предност против Грција, Италија го растури Лихтенштајн (ВИДЕО)

Босна фантастично ја отвори вечерта во Сараево со два гола предност против Грција во вториот дел. Но, нашиот јужен сосед возврати во вториот дел, па и двете селекции си поделија по еден бод.

Босанците уште во десетата минута ја отворија Грција, со голот на Един Вишча кој најдобро се снајде во протинвичкиот шеснаесетник. Само пет минути подоцна, Миралем Пјаниќ со фантастичен еврогол ја зголеми предноста и донесе ерупција на стадионот во Зеница.

Второто полувреме и припадна на Грција. Нашиот јужен сосед најпрвин од пенал кој го направи Тони Шуниќ, на 2-1 намали Константинос Фортунис. Неколку минути подоцна Пјаниќ доби црвен картон, Грците ја искористија предноста од играч повеќе, па во завршницата Димитрос Коловос ги постави конечните 2-2.

Италија со 6-0 го „тресна“ Лихтенштајн на домашен терен. Стефано Сенси ја започна голеадата, Марко Верати зголеми на 2-0,  а потоа имаше момент за историја. Фабио Кваљарела стана најстариот италијанец кој постигнал гол за националниот тим. Тој најпрвин од пенал зголеми на 3-0, а потоа одново од пенал го „потпиша“ покерот во мрежата на Лихтенштајн.

Новата италијанска сензација Моис Кин во второто полувреме зголеми на 5-0, а Леонардо Паволети ги постави конечните 6-0.




Останати резултати:
Ерменија-Финска 0-2
Ирска-Грузија 1-0
Малта-Шпанија 0-2
Романија-Фарски Острови 3-2