Босна ја гази Грција, голчиште на Пјаниќ од 40 метри! (ВИДЕО)

Босна и Херцеговина на најдобар можен начин го започна дуелот од второто квалфиикациско коло за пласман на ЕП против Грција. Домашната репрезентација има водство од 2-0, а посебен впечаток остави вториот гол за Босанците, кога Миралем Пјаниќ „распали“ од 40 метри.

Во десетата минута Един Вишча најдобро се снајде по изведениот корнер на Пјаниќ, најпрвин неговиот шут беше изблокиран, но внимателно ја следеше ситуацијата и погоди за 1-0.

Вистинска ерупција во Сараево донесе проектилот на Пјаниќ. Фудбалерот на Јувентус од 40 метри распали по топката и ја „скина“ мрежата на грчкиот голман: