Босанците жестоко ја исвиркаа грчката химна! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Грција немаше топол пречек на стадионот „Билино Поле“ во Зеница. Гостинските фудбалери константно се исвиркувани, а националната химна на Грција беше пречекана со многу свирежи.

Босанците немаат никаков респект спрема Грците, ниту кога треба да се испочитува нивната химна. Во моментот додека траеше химната, стадионот во Зеница, ессплодираше од свирежи.