Борусија Дортмунд без најдобриот на гости во Милано

Борусија Дортмунд за утрешното гостување кај Интер во рамки на Лигата на шампиони ќе биде без капитенот и најдобриот фудбалер Марко Ројс.

Германецот има грип и дефинитивно нема да биде во тимот за утрешното гостување на „Џузепе Меаца“. Проблем за тренерот Лусиен Фавр ќе биде и неиграњето на Пако Алкасер, кој е повреден.

Единствена добра вест е што во составот се враќа Џејдон Санчо откако беше суспендиран од клубот еден натпревар, поради доцнењето по интернационалната пауза.