Бобан и Малдини бараат од УЕФА, Милан да не игра во Лига Европа!

Милан пред неколку дена ги ангажираше Звонимир Бобан и Паоло Малдини, кои ќе бидат во стручниот штаб на клубот. Тие во минатото со успех го носеа дресот на италијанската екипа, а сега имаат шанса повторно да го вратат клубот на вистинските патеки.

Но, и Бобан и Малдини веднаш донеле важна одлука за иднината на клубот, па испратиле молба до Европската фудбалска федерација (УЕФА) за да не настапуваат во Лига Европа.

„Росонерите“ сезонава испуштија за малку пласман во топ-4, односно Лигата на шампиони, а тоа ќе биде нивна главна цел во следната сезона.