Боатенг синоќа „одигра“ еден натпревар во Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

Контроверзниот напаѓач Кевин Принс Боатенг оваа зима ја напушти Фиорентина и одлучи до крајот на сезоната да ги брани боите на Бешикташ, тим во кој е на позајмица.

Боатенг во новиот тим одигра шест н атпревари и постигна два гола, а одличната форма му ја прекина пандемијата на коронавирусот. Напаѓачот на турскиот клуб се огласи преку својот Твитер-профил и покажа колку му фали фудбалот.

Тој во својот дом направи атмосфета како да се игра натпревар од Лигата на шампиони, со што ги воодушеви своите фанови.