Блажевски: Овој гол ми е најдраг, му го посветувам на семејството!

Вардаровата деветка Дејан Блажевски денеска го постигна вториот гол за Вардар во Лига Европа и тоа на мајсторски начин и спектакуларно – со волеј по нафрлување од корнер. Блажевски влезе како резерва и погоди за чесен пораз на македонскиот првак од Зенит со 1-2, по кој црвено-црните имаат уште една шанса да не останат со нула бодови.

Блажевски по погодокот вели дека ова за него е најдраг гол во кариерата и истото му го посвети на неговото семејство.

„Овој гол е мој најдраг во кариерата и му го посветувам на семејството. Конечно ни успеа оваа акција, која ја вежбаме одамна на трнинзите. Во домашното првенство не ни успеа неколкупати, но еве сега ни успеа во Европа. Одамна го вежбаме ова. Добро игравме денеска, ова е наш најдобар меч во Лига Европа, но за жал вториот гол што го примивме по наша грешка не чинеше пораз“, рече Дејан Блажевски за својот еврогол по мечот.