Без дилеми: Најдобар во првото коло на ЛШ беше – Меси! (ФОТО)

Аргентинскиот фудбалер и напаѓач на Барселона, Лионел Меси е избран за најдобар играч во првото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).

Меси одигра фантастичен натпревар против ПСВ и постигна хет-трик, а навивачите го избраа за најдобар играч во првото коло пред Набил Фекир, Пол Погба и Џејмс Милнер.

Аргентинецот многупати ја има освоено оваа награда, но ова е најверојатно уште еден знак дека сезонава ќе биде повторно во центар на внимание.