Бекам со часови се збогувал со Брајант: Те гледав само две минути...

Речиси и не постои спортист кој не изрази сочувство до семејството на трагично загинатиот Коби Брајант.

Познатиот американски кошаркар почина во вчера вечерта во хеликоптерска несреќа во која загина и неговата 13-годишна ќерка, Џиана Марија, со уште седум лица.

Меѓу оние кои изразија сочуство е и легендарниот фудбалер Дејвид Бекам, со кого со години имал одлична врска. Поранешниот англиски репрезентативец тврди дека поминал часови обидувајќи се да се смири за да може да каже нешто за несреќата.

Ми требаа часови да сфатам што да напишам, а сепак моите зборови никогаш нема да бидат доволни за да опишам како се чувствувам после трагичното губење на Коби. Тој беше еден специјален спортист, сопруг, татко и пријател. Пишувањето на овие зборови е навистина тешко, но загубивме неверојатно човечко суштество и неговата убава и талентирана ќерка Џиана. Посветеноста која Коби ја покажа кон својот спорт. Тој беше инспиративен, а ги инснпирираше и останатите кои сакаа да зачекорат во кошарката. Понекогаш одев само на последните две минути од натпреварот, за да дознаам што ќе биде тоа посебното од него. Коби секогаш зборуваше убави работи за Ванеса и неговите ќерки, за тоа колку е горд на своите деца и семејството, напиша Бекс на социјалните мрежи.