Барса - Наполи ќе се игра во Порто или Гимареш?

Реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Барселона и Наполи би можел да се премести од стадионот „Камп Ноу“.

Натпреварот треба да се одигра на 8 август на „Камп Ноу“ во Барселона, но поради зголемувањето на позитивни случаи со коронавирус во тој регион е речиси невозможно да се одигра во Каталонија.

Каталонските медиуми денеска излегоа со написи дека овој натпревар може да се игра на друг стадион. Како што се наведува, Европскиот фудбалски сојуз (УЕФА) контактирал со надлежните органи во Каталонија за здравствената состојба со цел да се обезбеди безбедноста на сите учесници.

Стадионите на Гимараеш и Порто во Португалија се подготвени да ја преземат организацијата на тој меч доколку е потребно, но поедини шпански медиуми, пак, пишуваат дека мечот се очекува да се одигра во Барселона.

На првиот натпревар во Неапол, Наполи и Барселона одиграа нерешено 1-1.