Баерн ги собра сите награди: Левандовски е најдобар фудбалер за минатата сезона!

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) за време на ждрепка за Лигата на шампиони (ЛШ) го избра најдобриот фудбалер за минатата сезона во елитното натпреварување, а тоа е Роберт Левандовски од Баерн Минхен. Исто така, беа доделени и останатите награди за најдобрите.

Полјакот зад себе има неверојатна сезона, па со своите голови и одлични настапи го предводеше германскиот гигант до титула во ЛШ.

Германскиот голман од редовите на Баерн, Мануел Ноер ја доби наградата за најдобар голман во ЛШ за минатата сезона.

Уште еден фудбалер од баварскиот гигант доби награда, а тоа беше Џошуа Кимих кој беше избран за најдобар дефанзивец за минатата сезона.

Единствен фудбалер кој успеа да се смести меѓу ѕвездите на Баерн беше Кевин де Брајне од Манчестер сити, кој беше избран за најдобар играч за врска.