Атлетико сигурен против Леверкузен, Динамо и Адеми испуштија триумф кај Шахтер (ВИДЕО)

Динамо Загреб испушти шанса да победи против Шахтер на гостински терен во третото коло од групната фаза во Лигата на шампиони и така да дојде на чекор поблиску до нокаут-фазата, откако одигра 2-2.

Домаќините преку Конплјанка поведоа во 16. минута од мечот, а потоа Хрватите го зголемија притисокот и успеаа да израмнат преку Олмо во 25. минута на 1-1.

Во второто полувреме Шахтер направи голема грешка, која беше казнета од Орсиќ од пенал во 60. минута. Сепак, екипата од Загреб не успеа да слави, откако Додо во 75. минута ги постави конечните 2-2.

На вториот меч кој се одигра од 18.55 часот Атлетико Мадрид на домашен терен славеше против Баер Леверкузен со 1-0, со погодокот на Алваро Мората во финишот од мечот.