Атлетико го завери билетот за осминафинале во ЛШ, Звезда не издржа во Атина (ВИДЕО)

Ако на повеќето натпревари дилемите веќе беа решени и се знаеа патниците во следната фаза, екипата на Атлетико Мадрид во последното коло од групната фаза во Лигата на шампиони се пласираше во осминафиналето, откако на домашен терен беше подобар од Локомотив од Москва со 2-1.  

„Јорганџиите“ поведоа со голот на Жоао Феликс во 17. минута од пенал, а победата ја запечати Фелипе во 54. минута. Во оваа група до нов триумф дојде и тимот на Јувентус, откако на гости славеше кај Баер Леверкузен со 0-2, а стрелеци на погодоците беа Кристијано Роналдо во 75. и Игуаин во 92. минута.

Најубедливиот триумф вечерва го имаше ПСЖ, кој на домашен терен го прегази Галатасарај со 5-0, а во листата на стрелци се запишаа дури пет различни играчи (Икарди, Сарабија, Нејмар, Мбапе и Кавани). Во оваа група, очекуван триумф запиша и Реал Мадрид (1-3), кој на гостувањето во Белгија, му се „одмазди“ на Клуб Бриж за ремито во Мадрид (2-2).

Возбудлив меч се одигра и во Атина, каде што Олимпијакос успеа да се пласира во Лигата на Европа со гол во 87. минута. Стрелец на единствениот погодок беше Ел Араби во 87. минута. Во преостанатиот меч од оваа група, Баерн го совлада Тотнем на домашен терен со 3-1.

Пласман во осминафиналето обезбедија Атлетико Мадрид, Јувентус, Баерн, Тотнем, Реал Мадрид и ПСЖ, Манчестер сити и Аталанта.