Арсенал загубил од БАТЕ поради - Албанец!

Арсенал беше шокиран во Белорусија, каде што загуби од БАТЕ Борисов со 0-1, па сега со негативен резултат ќе го пречека противникот во реваншот на нокаут-фазата од Лига Европа.

На социјалните мрежи се појави интересен детал, кој вели дека БАТЕ победил двапати во историјата против англиски противници и тоа двапати во екипата, која загубила, бил Шкодран Мустафи.

Белорускиот тим славеше против Евертон со 1-0 во далечната 2009 година, а тогаш Мустафи беше дел од нивниот тим, додека истото сценарио се повтори вчера против Арсенал, кога Албанецот беше во составот на „топчиите“, но БАТЕ славеше повторно со 1-0.