Англија на јубилејниот 1.000 меч достигна рекорди стари повеќе од 30 години (ФОТО)

Поранешниот светски првак Англија на најспектакуларен начин го одбележа својот јубилеен илјадити меч и со неверојатен триумф со 7-0 против Црна Гора го завери пласманот на Евро 2020, а со тоа достигнаа рекорди кои јавноста ги имаше подзаборавено, зашто беа стари преку три децении.

Англија со трумфот со 7-0 стигна до најубедливата победа на домашен терен после 31 година. Овие 7-0 против Црногорците доаѓаат после 8-0 со Турција во октомври 1987 година. Оттогаш, фудбалскиот великан се до синоќа чекаше да види вака моќен резултат.

Но, тоа не е сè. Англичаните во оваа календарска година успеаа да стигнат до 30 погодоци во 11 меча, вклучувајќи ја и завршницата на Лигата на нации во Португалија. Од 1982 година или после 37 години, успеваат да стигнат до ваква магична граница. Во таа 1982 година, Англија имаше скор од 34 погодоци на 15 меча. Во просек сега се подобри, а имаат патем уште еден меч, во недела во Приштина против Косово.