Англичаните ја исвиркуваа химната на Шкотска, па Шкотите се одмаздија на ист начин! (ВИДЕО)

Уште пред почетокот на мечот меѓу Англија и Шкотска беше јасно дека ќе има проблеми, а сѐ почна со тепачката на хулиганите, по што навивачите продолжија со провокациите и на стадионот.

Англичаните почнаа да ја исвиркуваат химната на Шкотска, по што Шкотите не останаа должни и решија на ист начин да им вратат на своите ривали.

Ситуацијата стана уште полоша кога фудбалерите на двете селекции клекнаа пред почетокот, а тоа предизвика гневна реакција од присутните на трибините.