Аматерски кикс: Марсијал се посрамоти, промаши - празен гол (ВИДЕО)

Неверојатно промашување на фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал, со кое можеше да му донесе целосен пресврт и водство на неговиот тим во дерби-пресметката со ПСЖ (1-1), откако промаши – празен гол.

Францускиот напаѓач се најде во одлична позиција, но не реализира од непосредна близина на гостинскиот гол. Наместо во мрежата, топката ја испрати далеку над пречката.

Јунајтед се врати во игра со голот на Рашфорд, по водечкиот погодок на Нејмар, ама потоа гостите повторно поведоа преку Маркињос во 69. минута, за Фред да добие црвен картон една минута подоцна, откако имаше два жолти картони.