Албанија го слави голманот на Андора – како ли останувале непоразени со ваков пацер? (ВИДЕО)

Андора е еден од фудбалските „пациенти“, која баш и не ни е во најубаво сеќавање од минатото, ама во последно време и оваа фри-шоп држава врза добри резултати, пред се во Лигата на нации, па двапати ремизираше со Летонија без голови... Вчера Андорците загубија од Албанија со 0-3, што и не е некое изненадување, ама човек понекогаш се чуди како успевале да освојат бод(ови) кога имаат ваков голман-пацер. Албанија поведе со урнебесен гол и тоа по катастрофална и пацерска грешка на голманот кој успеа да ја утне топката.