Адеми: Сега ни треба само концентрација и ќе одиме во ЛШ!

Македонскиот репрезентативец и капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми ги предводеше „модрите“ до нова голема победа со која стигнаа на чекор до Лигата на шампионите, победувајќи го норвешки Розенборг со 2-0 на „Максимир“.

Адеми имаше зицер и за поубедлива победа, но Динамо се задоволи и со 2-0 остварени за неполн половина час на мечот, па сега гол во гости за една недела практично е им го завери првиот настап во елитата после четири години пауза.

„Бевме добри, навистина добри и одлично го одигравме мечот. Знаевме кои им се најсилните страни, а кои маните, но на крај презадоволни сме со победата. Тоа што имаме два гола предност не смее да не опушти. Иако, имавме доста шанси, имав и јас шанса, блиску бев, ама... Одиме понатаму. Сега ни треба само концентрација и максимална агресивност и ќе одиме во ЛШ“, вели Адеми.

Розенборг покажа дека е најопасен по прекините и корнерите, па оттаму македонскиот репрезентативец ја бара таа концентрација за реваншот.

„Знаеме дека нема да биде лесно, но таа концентрација мора да ја задржиме. Видовме дека Розенборг е опасен од прекини, а видовме колку проблеми ни направија во првиот дел. Мора да направиме сѐ да ја задржиме оваа предност. Штета што не дадовме и трет гол“, додаде Адеми.

Според информациите од хрватските медиуми уште од минатата недела, Адеми за пласман во ЛШ го чека највисоката премија од 100.000 евра, зашто има најголема минутажа заедно со уште неколкумина соиграчи во овие квалификации. Динамо ако се пласира ќе инкасира преку 20 милиони евра.