Адеми против Клуж или Флоријана, Ибиши на мегдан на Рапид Виена

Двајцата македонски репрезентативци во хрватските претставници во Лигата на шампионите, Арина Адеми (Динамо Загреб) и Џемал Ибиши (Локомотива Загреб) добија незгодни противници за второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.

Хрватска првпат сезонава ќе има два клуба во ЛШ, па Динамо како првак ќе се соочи најверојатно со романски Клуж, кој е апсолутен фаворит против малтешка Флоријана во првото квалфикациско коло, додека филјалата на „модрите“, Локомотива, каде од неодамна е член вардаровиот талент Ибиши (младински репрезентативец) ќе се судри со австриски Рапид Виена.

Крсте Велкоски со Сарајево, кој во првото коло треба да го мине велчки Коханс во второто можно е да игра со казахстанска Астана или белоруски Динамо Брест, додека Кристијан Тошевски, ноото засилување на Тирана, ако го мине Динамо Тбилиси во Грузија ќе се соочи со белградска Црвена Звезда.

Мечевите од второто коло се на програмата на 25 и 26 август, а една недела претходно на 18 и 19 август е првото коло.