Адеми: Ќе се бориме и ќе гинеме за овој клуб, навивачите нека го очекуваат тоа!

Капитенот на Динамо Загреб, поранешниот македонски репрезентативец, Аријан Адеми е оптимист дека со тренерот Бјелица ќе дојдат подобри резултати.

Динамо Загреб вчера ја победи Локомотива со 5-1, Адеми беше стартер на натпреварот и постигна гол.

„Бјелица е одличен тренер и знае што прави, мора да го следиме. Не смееме да го заборавиме ниту тренерот Јакировиќ кој оствари големи работи, освои две титули, не внесе во Лигата на шампионите, па и неговите заслуги се тука“, вели Адеми.

Динамо Загреб во првото коло од ЛШ доживеа тежок дебакл откако со 9-2 загуби од Баерн Минхен. Во среда тие го играат второто коло, на Максимир доаѓа Монако.

„Лигата на шампионите е нешто друго. Друго ниво. Таму секоја грешка се плаќа. Ќе направиме се за да ги намалиме. Се надевам дека и тренерот добро ќе не спреми. Навивачите нема да ги повикувам, само ќе им порачам дека ќе се бориме и гинеме за овој клуб. Тоа нека го очекуваат во иднина. Се надевам на колку што е можно подобри резултати“, заврши Адеми.