А кој друг: Халанд најдобар играч во ЛШ неделава!

Норвешкото чудо Ерлинг Халанд, кој со два гола го урна францускиот моќник ПСЖ во триумфот на Борусија Дортмунд со 2-1 во првото осминафинале ја добри наградата на УЕФА за играч на неделата.

Никакво изненадување не е оваа награда за Халанд, зашто со двата гола беше најзабележителен во првите четири осминафинални мечеви (вторите четири се играат идната недела). Норвежанецот ги победи Ренан Лоди, Ханс Хатебоер и Уго Лорис во трката за ова признание.

Халанд има десет гола во седум меча досега во ЛШ и е првиот тинејџер на кого му успеало вакво остварување во историјата на најелитното натпреварување.