Златко Далиќ се огласи за фотографијата со Погба!

Хрватскиот селектор Златко Далиќ експресно се вивна меѓу најпопуларните фудбалски тренери во светот, но тој знае како да се носи со славата. Последниот негов потег на социјалните мрежи е потврда за тоа.

Секој кој поревносно го следеше Светското првенство во Русија, сигурно не ја пропушти фамозната фотографија на која Пол Погба, веќе како нов шампион на светот, му се поклонува на хрватскиот селектор Далиќ, во знак на почит за големиот успех, освоеното сребро.

Далиќ сега се јави со коментар на тој потег на Погба.

„Голем фудбалер и голем џентлмен! Пол Погба“, напиша Далиќ како опис на фотографијата.

Тој дојде на кормилото на Хрватска како принудно решение, пред завршниот меч од квалификациите, на гости во Украина и ретко кој се надеваше дека може да дојде до историско финале. Пред оваа работа бил анонимен тренер, а сега има 310.000 следбеници на Инстаграм.

 

Great player and above all true gentlemen! Paul Pogba!

A post shared by Zlatko Dalic (@daliczlatko) on