Зидан не бил заинтересиран да биде француски селектор

Иако дел од шпанските медиуми објавија многу брзо по заминувањето на Зинедин Зидан од кормилото на европскиот првак, само десет дена по хет-трикот на трофеи во најелитното натпреварување, дека легендата планира да биде селектор на „триколорите“, првиот човек на федерацијата Ноел Ле Грае ги демантираше сите тие пишувања.

Зидан си замина од Мадрид затоа што не сакал да го смени тимот и да го прифати новиот проект на првиот човек на „кралскиот клуб“ Флорентино Перез, па клупата на Франција наводно била негова следна станица. Сепак, веќе извесно е дека такво нешто нема да се случи, од причина што Зизу не бил заинтересиран за селекторската функција.

Многумина Французи би сакале да го видат Зидан како наследник на Дешамп, кој не е баш омилен во јавноста и покрај освоената светска титула, од причина што сметаа дека не е вистински човек за кормилото и дека селекцијата не игра убав фудбал.

„Ние со Дешамп имаме договор до 2020 година. Тој е човек кој многу работи. Дидие и неговиот стручен штаб минуват со часови и часови гледајќи ги фудбалерите, противниците. Понекогаш треба и среќа, ама тоа што го работи Дидие не може да се отфрли туку така. Тој останува селектор и за првиот меч на Евро 2020. Од друга страна имаше шпекулации за Зидан, но немаше желба од другата страна, да го тренира и води националниот тим. Ние не размислувавме за него. Дидие е наш селектор до 2020, а потоа – ќе видиме!“, рече Ле Грае.

Пред два дена беше објавено дека Јувентус ќе го земе Зинедин Зидан како спортски директор и советник, но Јувентус демантираше такво нешто, иако дел од медиумите веќе најавија со сигурност дека од октомври француската легенда ќе биде дел од „старата дама“.