Женскиот фудбал и не е така нежен: Летаа црвени картони, па изби и тепачка (ВИДЕО)

На фудбалскиот натпревар помеѓу Портланд торнс и Канзас сити во женската фудбалска лига во САД изби неверојатен хаос.

Работите ескалираа во самиот финиш на натпреварот, кога најпрво една гостинска фудбалерка заработи црвен картон поради груб старт. Тренерот на Канзас сметаше дека тоа не е прекршок за исклучување и бесно протестираше кај судијата, по што и тој доби црвен картон.

Во последните моменти од дуелот, се спречкаа Морган Вивер и Кристен Едмондс. Брзо се приклучија и останатите фудбалерки, а судијата ги исклучи и Вивер и Едмондс.