
Земан доживеал мозочен удар, итно е примен во болница!
Земан кој има 77 години мозочен удар имаше и пред една година кога поради опоравувањето мораше да ја напушти клупата на Пескара која тогаш ја предводеше. Изгледаше дека ситуацијата му е стабилна, но потоа се појавија нови проблеми и состојбата му се влошила.
Чешкиот стратег утрово е примен во болница и како што пренесува италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио веднаш бил ставен на детални испитувања.
Во кариерата Земан беше тренер на многу клубови како: Фоџа, Парма, Лацио Рома, Фенербахче, Наполи, Салернитана, Бреша, Црвена Звезда, Каљари и Лугано.
Засега нема дополнителни информации околу неговата состојба. Инаку, Земан е познат и како страствен пушач.